
Еден од најмладите милијардери со шокантна изјава: „Моето богатство од 3,2 милијарди наскоро нема да вреди ништо“
Александар Ванг, коосновач на Scala AI и еден од најмладите милијардери во Силиконската долина, предупреди дека за пет години вештачката интелигенција ќе може да го напише целиот код што некогаш го создал. Оваа изјава предизвика шок во светот на технологијата бидејќи доаѓа од човек кој го изградил своето богатство токму врз развојот на технологијата со вештачка интелигенција- објави БизнисТелеграф.
Препорачано
Зборувајќи во поткастот „TBPN“ со Џон Куган и Џорди Хејс, Ванг рече: „Буквално целиот код што некогаш сум го напишал во мојот живот ќе може да напише модел на вештачка интелигенција“.
Тој верува дека вештачката интелигенција целосно ќе ја трансформира софтверската индустрија и ги предупредува младите дека е вистинско време да совладаат нови алатки ако сакаат да преживеат во идниот свет на технологијата.
Ванг го опиша новиот пристап кон пишување софтвер како „вајб кодирање“, каде што корисникот само дава инструкции, а вештачката интелигенција ја креира самата програма. Тој ги наведе Replit и Cursor како примери, алатки кои веќе им овозможуваат на почетниците да пишуваат код без длабоко техничко знаење.
„Мора да научите како да ги искористите максимално овие алатки“, истакна Ванг, додавајќи дека сегашната промена е револуционерна како и појавата на персоналните компјутери. Тој тврди дека посветувањето „10.000 часа играње со алатки“ може да им даде на тинејџерите огромна кариерна предност.
Ванг ја изгради Scale AI, компанија за инфраструктура и податоци за вештачка интелигенција, која е проценета на 29 милијарди долари. Неговото лично богатство е проценето од Форбс на 3,2 милијарди долари, но сега тој вели дека богатството не значи многу во свет каде што вештачката интелигенција може да ја замени работата на целиот живот.
Во јуни, Мета инвестираше во Scale AI, а Ванг ја презеде функцијата главен директор за вештачка интелигенција во Мета, додека остана во одборот на неговата компанија. Сепак, Scale AI се соочува со предизвици, вклучувајќи отпуштања и заминување на клучни луѓе, но Ванг останува уверен дека иднината на софтверот е директно во рацете на вештачката интелигенција.
Неговата порака до младите луѓе е јасна – оние кои први ќе ги совладаат алатките за вештачка интелигенција ќе станат најголемите победници на новата технолошка ера.