EPA/LEE SANDERS

Eден од најдобрите британски боксери на сите времиња пронајден мртов во својот дом

Тажна вест ја погоди британската јавнот, легендарниот боксер Рики Хатон утрово бил пронајден мртов во својот дом во Хајд, Англија. Хатон имаше 46 години, а од страна на полицијата е соопштено дека засега нема индиции за насилна смрт.

Хатон беше еден од најпопуларните британски боксери на своето време, а неговата кариера е обележана со бројни успеси и големи борби. Првата светска титула ја освои во 2005 година с победа над Коста Циу.

Се бореше и против некои од најголемите имиња во историјата на боксот, Флојд Мејведер и Мани Пакјао, но загуби во двете пресметки. Неговата последна борба беше во 2022 година против Вјачислав Сенченко во која беше поразен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот