Наркобосот Набил Абида, уапсен на аеродромот во Меделин, Колумбија

Еден од најбараните трговци со дрога е уапсен во Колумбија, тврдел дека е српски бизнисмен

Еден од најбараните шверцери на дрога во Европа, Французинот Набил Абида, е уапсен на аеродромот во Меделин, Колумбија, а според локалните медиуми, кога му пришле полицајците, тој рекол дека е бизнисмен од Белград, Србија.

Француско-алжирскиот наркобос бил уапсен на 28 јануари на аеродромот „Хозе Марија Кордова“ во колумбискиот град.

„Абида пристигнал во Рионегро по речиси 14-часовен лет од Париз, Франција. Кога излегол од авионот, му пришле инспектори од Националната полиција. Тие му го провериле идентитетот во меѓународните евиденции, потврдувајќи дека е уапсен налог издаден од суд во Париз“, се наведува радиото „Караколо“.

Според извештајот, Абида тврдел дека е српски бизнисмен.

„Тој во полиција тврдел дека е бизнисмен од Белград во Србија, и дека во Меделин дошол службено. Меѓутоа, доказите против него го кажувале спротивното, па полицијата го уапсила“, пишува локалниот медиум.

Според колумбиските медиуми, Абида има алжирско потекло и е под истрага веќе десетина години.

Тој е осомничен дека договарал пратки кокаин од Јужна Америка, главно Колумбија, во Европа, а бил поврзан со операции во Шпанија, Колумбија и Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот