Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Еден месец по смртта на Дејан Милојевиќ почина неговиот татко

Само еден месец по смртта на српскиот кошаркарски тренер Дејан Милојевиќ почина и неговиот татко Милан, пренесуваат денеска српските медиуми.

Ќе потсетиме, Дејан Милојевиќ почина на 17-ти јануари како последица од срцев удар во Јута каде што беше на гостување со својот тим Голден Стејт Вориорс.

Пред десет дена тој беше погребан во неговата родна Србија каде што присуствуваа членовите на неговото поблиско семејство, но и големи кошаркарски имиња.

Точно десет дена по неговиот погреб пристигна уште една трагична вест од неговото семејство, веројатно тагата и стресот за таткото на Дејан биле преголеми, па неговото срце не издржало, бидејќи информациите се дека починал исто така од срцев удар.

Таткото на Дејан бил примен во болница каде што прво му била стабилизирана состојбата, но подоцна повторно му се слошило, а тогаш докторите за жал не успеале да го спасат.

ФОТО+ВИДЕО | Голден Стејт со последно збогум за Милојевиќ, солзи и овации пред натпреварот против Атланта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот