
ЕЦМ ја зголеми програмата за откуп на обврзници за 500 милијарди евра
Европската централна банка ја зголеми програмата за откуп на обврзници со нова „доза” поттик од 500 милијарди евра (600 милијарди долари), бидејќи зимскиот бран на коронавирус и растот на бројот на заразени предизвикаа затворање на големите економии пред Божик и новогодишните празници.
Препорачано
Управниот совет на ЕЦБ, кој брои 25 члена, одлучи денеска да го зголеми откупот на обврзници за 500 милијарди евра, на 1,85 трилиони од сегашните 1,35 трилиони евра и да ја продолжи програмата за поддршка најмалку до март 2022 година.
Првично, времетраењето на програмата беше ограничено до средината на 2021 година.
Набавките на обврзници, кои се вршат со печатење нови пари, ги намалуваат трошоците за долгорочно позајмување и ги прават кредитите достапни по пристапни цени за потрошувачите, деловните субјекти и владите низ еврозоната.
Програмата е клучна за да им помогне на фирмите да ја надминат кризата сè додека не се повлече пандемијата и да ги поддржи владите кои се задолжуваат за финансирање мерки од економскиот и пакетот помош за работниците.
Извор:МИА