
ЕЦБ: Корпорациите „гладни“ за кредити, побарувачката зголемена, каматите пониски
Побарувачката за кредити од корпорациите во еврозоната малку се опорави во вториот квартал од 2025 година, а банките во регионот очекуваат овој тренд дополнително да се зајакне во текот на летните месеци, според најновото истражување на 155 најголеми комерцијални заемодаватели од страна на Европската централна банка (ЕЦБ), објави Пословни дневник. Според истражувањето, банките забележале мало нето зголемување на побарувачката за кредити во периодот април-јуни и покрај глобалната неизвесност и зголемените трговски тензии, кои продолжуваат да влијаат врз деловното опкружување.
Препорачано
ЕЦБ изјави дека пониските каматни стапки биле главниот двигател на растот на побарувачката за кредити во првата половина од 2025 година, но дека „влијанието на глобалната неизвесност и трговските конфликти“ го ограничува побрзиот раст на кредитирањето. Сепак, во првиот квартал, корпоративната побарувачка малку ослабе за прв пат по речиси една година, што го одразува перцепираното забавување на економскиот раст во еврозоната, кое беше под влијание и на геополитичките ризици.
Сепак, повеќето банки очекуваат побарувачката за кредити повторно малку да се зголеми во периодот од јули до септември, потврдувајќи одреден оптимизам во деловниот сектор. Кредитните услови во текот на вториот квартал останаа речиси непроменети во споредба со почетокот на годината, што значи дека заемодавателите засега немаат намера значително да ги олеснат или заострат критериумите за одобрување кредити.