Фото: Profimedia

Ѕвездата на „Full House“: Дадилката сексуално ме малтретираше кога имав 10 години, се преправав дека сум мртов

Ѕвездата на еден од најпопуларните ситкоми „Full House“, Џон Стамос (60) наскоро ќе ги објави своите мемоари „If You Would Have Told Me“, во кои открива дека бил сексуално малтретиран од својата дадилка во детството, пишува „Пејџ сикс“.

Според странските медиуми, актерот се присетил на злоставувањето во детството дури откако седнал да ги пишува своите мемоари, кои ќе излезат на 24 октомври.

„Мислам, знаев, секогаш беше потсвесно и толку многу се залагам за оние кои преживеале злоупотреба. Секогаш по малку се сеќавав на тоа. Секогаш беше таму, но го потиснував како и повеќето луѓе“, изјави Стамос за „Пипл“.

Актерската екипа на „Full House“ / Фото: IFTN / United Archives / Profimedia

Тој додаде дека таа ситуација секогаш му била некаде во сеќавањето, но дека никогаш никому не кажал за тоа. Сè се случило кога актерот имал десет или единаесет години.

„Тоа беше – ако се преправам дека сум мртов, можеби ќе престане. Но, не беше целосно агресивно. Не знам, не беше добро. Не требаше да се справувам со тие чувства“, објаснил актерот.

Џон Стамос
Џон Стамос / Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

Стамос, кој ја започна својата актерска кариера во осумдесеттие години, сподели дека и претходно размислувал да излезе во јавност со оваа приказна, додека пишувал говор за наградата што им се доделува на луѓе кои поддржуваат малтретирани деца.

„Почнав да го пишувам и навистина го напишав. И тогаш си помислив: ‘Не, таа ноќ не е за мене. Се работи за децата. Ќе ја зачувам за вистинскиот момент’“, споделил тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот