
Џорџ Расел најбрз на улиците на Сингапур
Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, издвојува убедлива победа на трката за Големата награда на Сингапур. На патеката „Марина Беј“, Британецот ја забележа својата втора победа сезонава, а вкупно петта во кариерата, прикажувајќи зрелост и доминација од почеток до крај.
Препорачано
Расел ја држеше водечката позиција во најголемиот дел од трката, губејќи го првото место само за време на влезот во бокс. Сепак, по циклусот на промени на пневматиците, повторно се врати на врвот и го задржа водството до крајот.
Најблизу до него беше Макс Верстапен од Ред Бул, кој заостануваше 5,5 секунди, додека третото место му припадна на возачот на Мекларен, Ландо Норис. Иако Мекларен веќе ја обезбеди титулата кај конструкторите, борбата за поединечниот пласман останува неизвесна.
Во Топ 10 се најдоа и:
Оскар Пјастри, Кими Антонели, Чарлс Леклерк, Луис Хамилтон, Фернандо Алонсо, Оливер Бермен и Карлос Сајнц Јуниор, кои исто така освоија вредни бодови.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
27мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5