Доминик Раб и Борис Џонсон на Г7 Самитот/ Фото EPA-EFE/ANDY RAIN / POOL

Џонсон под притисок, Доминик Раб повеќе не е министер за надворешни работи

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, Доминик Раб, е отстранет од таа позиција, и отсега ќе ја извршува функцијата министер за правда, пренесуваат британските медиуми.

Преименувањето доаѓа во време на реконструкција на кабинетот на премиерот Борис Џонсон. Џонсон се соочи со апели да го замени Раб откако министерот замина на одмор на Крит, во време кога талибанците напредуваа кон Кабул и освојувањето на Авганистан, но и поради тврдењата за неколку илјади неодговорени пораки од луѓе кои бараа помош да го напуштат Авганистан. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот