Instagram

Џони Деп го промени животот од корен: Го напушти Холивуд и се пресели на село

Холивудскиот актер Џони Деп го одбра руралниот дел на Англија пред Холивуд, бидејќи сака да ужива во помирен живот по бурните пет години во кои доминираше скандалозната правна битка со поранешната сопруга Амбер Херд, открива Дејли мејл.

Деп бил забележан од мештаните како ужива во прошетките околу куќата, а бил виден и во блискиот град Вадхарст. Се верува дека Деп се заљубил во областа кога го посетил пријателот, рок-ѕвездата Џеф Бек, кој бил покрај него во текот на неговата мачна борба со неговата поранешна девојка, пишува Дејли мејл.

Instagram

Селската вила е историски објект со десет спални соби, а датира од 1850-тите. Опкружена е со дрвја, високи огради и надзорни камери. Сместена покрај селски пат, до неа се пристапува преку украсена железна порта што води до широк приод обиколен со готски статуи и цвеќе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mr. Nation News (@mr_nation00)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот