Фото: Profimedia

Џона Хил стана татко: Актерот и неговата девојка му посакаа добредојде на нивното прво дете

Американскиот актер Џона Хил и неговата девојка Оливија Милар станаа родители за првпат, потврди претставникот на актерот за магазинот „Пипл“.

Имено, Хил не беше присутен на свадбената прослава на неговата сестра Бини Фелдштајн, која се одржа на 20 мај. Тоа ги подгреа гласините дека причината за неговото отсуство била приновата во семејството, нешто што отпосле испадна вистина.

Фото: BENS / RMBI / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Неговата девојка првпат беше забележана со труднички стомак кон крајот на март во Калифорнија, а првпат беше фотографирана со Хил минатиот септември во Санта Барбара. Таа е сопственичка на онлајн продавница за винтиџ предмети и облека.

Фото: BENS / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Џона Хил стекна светска слава со своите улоги во холивудските комедии, како што се „21 Jump Street“, „Superbad“, „War Dogs“ итн.

Пред сегашната девојка, Хил беше свршен со менаџерката Џана Сантос, но таа врска заврши во 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот