Фото: МИА

„Џихад“ се поврзува со тероризам, но всушност има повеќе значења

Од почетокот на војната во Израел, постојано се слуша терминот „џихад“ што го користат исламските милитанти кога се справуваат со неверниците. Овој термин во превод значи „света војна“ и често се поврзува со тероризам, но всушност има повеќе значења, пишува српски Телеграф. 

„Иако многумина го поврзуваат со тероризам, за верниците во исламот овој термин има многу значења“, вели Ник Олдворт, поранешен национален координатор за борба против тероризмот.

Имамот Шеик Ибрахим Могра објаснува дека овој ѐзбор значи „да се бориш“ на арапски.

„Џихадот е секојдневна борба да се подобриш, да бидеш добро човечко суштество, добар муслиман кој знае да сака, да е грижлив и смирен. Џихад исто може да значи и борба со оружје, но само да ја браниш својата група од неправди, угнетување или во самоодбрана“, објаснува  Могра.

Тој додава дека има голем број правила за воен џихад, кои може да ги побара само муслимански владетел или калиф кој владее според шеријатските закони.

„Правилата вклучуваат дека не е дозволено убивање цивили, верските објекти не смеат да бидат цел на напади и воените затвореници мора да се третираат хумано“, вели Могра.

Тој вели дека е тажно што зборот џихад е погрешно разбран и злоупотребен во медиумите.

„За нас муслиманите џихадот е многу важна работа бидејќи покажува дека го ризикувате животот за да ги заштитите или ослободите другите“, објаснува имамот.

Џихадот често се споменува во Куранот, најчесто како „борба на патот на Алах“.

Лицето кое практикува џихад се нарекува муџахид, множина муџахедин. Малцинството сунитски научници ја нарекуваат оваа должност шестиот столб на исламот, иако нема таков официјален статус.

Во дванаесетте шиитски ислам, џихадот е еден од десетте начини на практикување на верата. Џихадот е насочен против искушението, против видлив непријател или против себе.

Постојат четири главни категории на џихад – против себе, џихад со јазик, џихад со рака и џихад со меч.

Да потсетиме, пред два дена во Велика Британија беше уапсен маж кој на пропалестинските протести повика на џихад. Овој случај предизвика голема дебата во јавноста, а министерот за полиција Роберт Џерник изјави дека скандирањето на зборот „џихад“ на улиците во Велика Британија е „поттикнување терористичко насилство“.

Милитантната група Исламски џихад се најде во центарот на вниманието минатата недела откако Израел ги обвини дека се одговорни за бомбардирањето на болницата во Газа во која загинаа неколку стотици луѓе. Исламскиот џихад е основан кон крајот на 1970-тите од Фати Шикаки и Абдел Азиз Одех, а групата доби поддршка меѓу Палестинците разочарани од Палестинската ослободителна организација (ПЛО) на Јасер Арафат. Шикаки беше убиен во 1995 година на Малта, а се шпекулира дека бил убиен од израелски агенти. Групата вети дека ќе го уништи Израел и ќе го замени со исламска држава која ја опфати Палестина пред 1948 година, вклучувајќи го Западниот Брег и Газа, кои Израел ги зазеде во војната на Блискиот Исток во 1967 година.

Финансиран и обучен од Иран (Израел проценува десетици милијарди долари годишно), Исламски џихад има штабови во Бејрут и Дамаск и е распространет низ Западниот Брег, додека до неодамна тие беа релативно ограничени на Газа.

Исламскиот џихад е втора по големина вооружена мрежа во Газа, по милитантната група Хамас, која е на власт во енклавата. Според ЦИА, до 2021 година имало од 1000 до неколку илјади припадници на Исламски џихад.

Групата има и значаен арсенал на ракети, минофрлачи и противтенковски ракети., но Исламски џихад не ги чпотврдува овие информации. За разлика од Хамас, Исламски џихад не учествуваше на палестинските парламентарни избори и се чини дека нема амбиции да формира влада во Газа или на Западниот Брег. Ројтерс потсетува дека Исламски џихад е прогласен за терористичка група од Израел, САД и европските земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот