Фото: Profimedia

Џејн Гудол – жената која засекогаш го смени начинот на кој гледаме на животните и луѓето

Џејн Гудол, најпознатиот приматолог во светот, почина вчера на 92-годишна возраст. Нејзиниот живот и работа засекогаш го променија начинот на кој светот размислува за тоа што значи да се биде човек, пишува „Саенс алерт“.

Гудол имала само 26 години кога направила револуционерно откритие во Националниот парк Гомбе во Танзанија – забележала шимпанзо како користи парче трева за да извади термити од мравјалник. Тоа беше првиот доказ дека човекот не е единственото суштество кое користи алати.

Од тој момент па натаму, истражувањата открија цели арсенали на „алати“ кај шимпанзата, гаврани, делфини, китови, па дури и инсекти. Во Габон биле забележани шимпанза кои со стапови вадат мед од кошници, а во Гвинеја – како со камења кршат ореви.

Долго се претпоставувало дека возрасните ги учат младите како да користат алати, но дури во 2016 година истражувачи во Конго првпат снимија директни докази за тоа. Откритието ја спои двете најголеми заслуги на Гудол – разбирањето на користењето алати и улогата на мајките во преносот на знаење.

Истражувањата покажаа дека културата и традициите не се единствени за луѓето. Во некои групи шимпанза, животните користат тревки како симболичен украс – речиси како моден тренд. Други пак, удираат по дрвја со камења создавајќи ритам, веројатно како форма на комуникација.

По откритијата на Гудол, многумина сметаа дека јазикот е единствената црта која ги издвојува луѓето. Но и тука шимпанзата изненадија: тие имаат богат систем на звуци и гестови, а научени се и да изговорат по некој збор.

Дури и моралот не е исклучиво човечки, велеше покојниот приматолог Франс де Вал, кој документираше дека шимпанзата можат да покажат емпатија, измама и решавање конфликти. Во 2019 година женка шимпанзо во Габон била забележана како со инсект третира рана на своето младенче – нешто што подоцна било потврдено како честа практика во нивната заедница.

„Нашето истражување ги осветлува еволутивните корени на медицината и здравствените системи кај луѓето“, изјави годинава приматологот Елодие Фрајман од Оксфорд.

Работата на Гудол ги замати границите меѓу луѓето и животните и покажа дека интелигенцијата, културата и емпатијата не се само човечки својства.

„Со текот на годините, границата меѓу човекот и мајмунот стана сѐ понејасна благодарение на истражувањата на терен, како што беше трудот на Џејн Гудол“, изјави де Вал во едно интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот