Џеј - Ди Венс, потпреседател на САд/Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER / POOL

Џеј Ди Венс за писмото на Трамп до Епштајн: Извинете, но ова е глупост!

Додека целата планета дискутира за озлогласеното писмо што Доналд Трамп наводно му го испратил на Џефри Епштајн во 2003 година, за неговиот 50-ти роденден – а кое беше откриено денес – американскиот потпретседател Џ.Д. Венс денес енергично го бранеше американскиот претседател, велејќи дека сето ова „е глупост“.

Во објава на Икс, Венс вели: „Извинете за мојот јазик, но оваа приказна е целосна глупост! Волстрит Џурнал треба да се засрами што ја објави.“

„Каде е ова писмо? Дали би ве шокирало да дознаете дека тие никогаш не ни го покажале пред да го објават? Дали некој искрено мисли дека тоа звучи како Доналд Трамп?“, продолжи потпретседателот на САД.

Првичното откритие беше објавено вчера од „Волстрит џурнал“ и предизвика лута реакција од американскиот претседател, кој ја објави својата намера да го тужи весникот.

Денес беше објавена точната содржина на писмото-честитка, во која е вклучена рачно напишаната скица на гола жена од страна на Трамп и „имагинарен разговор“ со сега починатиот, тогаш моќен американски берзански брокер.

Трамп под притисок, побара да се откријат повеќе документи за Џефри Епштајн

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот