Д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје

Џамбазовски : Градиме дигитална иднина со иновации во банкарството што носат вредност

Довербата за прифаќање на дигиталното банкарство расте со секој нов дигитален успех, а Комерцијална банка веќе ги има многу. Придобивките од дигиталното банкарство се големи и бројни, од брзи трансакции, достапност во секое време од кое било место, пониски трошоци, едноставни иновативни решенија прилагодени и прифатливи за сите возрасни групи, до поврзување со глобалните платежни платформи. Кога еднаш ќе ја осетат удобноста, сигурноста и брзината на овие услуги, клиентите ретко се враќаат на старите навики- вели во интервју за „Слободен печат“ Д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје

Господине Џамбазовски, веќе сме длабоко навлезени во светот на дигитална трансформација и назад веќе нема. Банките се едни од предводниците на овие промени со понуда на бројни дигитални производи и услуги, а Комерцијална банка се истакнува со многу новитети кои значат банкарство 24/7. Дали е ова иднината на банкарството и што значи тоа за клиентите?

Точно, во последните години воведовме многу дигитални новитети и услуги кои за клиентите на Комерцијална банка значат пристап до својата банка 24/7 каде и да се наоѓаат. Новото електронско и мобилно банкарство донесоа модерен изглед, напредни и едноставни кориснички алатки и можност за електронска идентификација. Со еден збор, овозможија олеснето секојдневие за клиентот во однос на неговите лични финансии и завршување на финансиските обврски.
Процесите како отворање сметка, аплицирање за потрошувачки кредит или картичка, како и користењето други производи и услуги станаа лесно достапни, многу побрзи и поедноставни, а безбедноста како еден од нашите главни приоритети е на највисоко ниво.

Дигитализацијата не е само тренд, туку одлика и потреба на современиот живот и таа дефинитивно ја дефинира и иднината на банкарството. Но, без разлика дали банкарството го гледаме од сегашна или од идна перспектива, клиентот секогаш ќе остане во фокусот, со неговите бројни очекувања, специфични навики и зголемени потреби и желби.
Денес клиентите се внимателни и софистицирани и бараат практични и лесни финансиски решенија. Затоа банките мора да нудат иновативни, ефикасни и безбедни услуги, целосно приспособени на динамичниот начин на живот.

Дали граѓаните и компаниите во земјава лесно ги прифаќаат дигиталните банкарски услуги имајќи предвид дека традиционално се навикнати на шалтерите? Може ли да очекуваме младите генерации целосно и брзо да ја променат сликата на традиционалниот клиент на банка и зошто би го направиле тоа?

Трендот на користење дигитални банкарски услуги постојано расте, особено во изминатите години кога достапноста, практичноста и сигурноста станаа клучни во секојдневниот живот и во бизнисот. Иако дел од граѓаните и компаниите сѐ уште практикуваат традиционален пристап преку шалтер, сѐ поголем број го доживуваат електронското и мобилното банкарство како природен избор.

Довербата за нивно прифаќање расте со секој нов дигитален успех, а Комерцијална банка веќе ги има многу. Придобивките од дигиталното банкарство се големи и бројни, од брзи трансакции, достапност во секое време од кое било место, пониски трошоци, едноставни иновативни решенија прилагодени и прифатливи за сите возрасни групи, до поврзување со глобалните платежни платформи. Кога еднаш ќе ја искусат удобноста, сигурноста и брзината на овие услуги, клиентите ретко се враќаат на старите навики.
Тука особено се издвојува помладата популација, која расте со технологија и има високи очекувања за корисничко искуство. За нив дигиталните услуги не се алтернатива туку прв и природен избор затоа што нудат практичност без хартија и без чекање во ред и можност да завршат сѐ од својот телефон или компјутер. Младите генерации се вистински двигатели на промените и ја менуваат сликата на традиционалниот клиент.

Дигиталната технологија ја доживуваме на само како нешто што ни го менува секојдневието, туку и како новитет што треба да ни го олесни секојдневието. Имајќи ја предвид сликата на клиентите на Комерцијална банка, како изгледа секојдневието на еден корисник на дигиталните услуги?

Секој корисник на дигиталните услуги на Комерцијална банка не мора да оди во банка затоа што за него банката е достапна 24/7 на неговиот телефон или компјутер, каде и да се наоѓа.
Со електронска идентификација и со неколку клика проверува состојба на сметка, врши плаќања во земјата и во странство, плаќа без паричник или картичка со Apple Pay, Google Pay или Garmin Pay, префрла пари на пријател, при што неговите лични податоци се целосно заштитени. Кога му треба кредит или нова картичка, аплицира дигитално без одење во експозитура. Уплаќа готовина на сметка преку банкомат, наместо на шалтер. Добива известувања за секој прилив или одлив од сметка и во тек е со сите нови производи и услуги.
Со дигиталната технологија овозможена од Комерцијална банка сите услуги му се секогаш на дофат и има целосна контрола врз неговите сметки, картички, кредит и депозит, независно дали се дел од неговите лични или деловни финансии. Овој клиент има повеќе слободно време, безгрижно секојдневие и сигурност дека банката е секогаш тука кога му е потребна.

Нашата крајна цел е клиентите да добијат повеќе вредност и заедно полесно да стигнеме до целта. Тоа е деловната мисија на Комерцијална банка во целото свое постоење, кое годинава брои јубилејни 70 години.

Новина од оваа година се и намалените или укинати надоместоци за платежни трансакции во земјава и со странство. Колку оваа мерка ќе ги намали трошоците на граѓаните и на компаниите при трансфер на пари?

Новите тарифи од октомври ќе значат целосно бесплатни интерни трансакции преку Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка. Значително се намалуваат надоместоците на услугите вклучени во КБ пакетите, кои на корисниците генерално им нудат бројни придобивки за пониска цена, а и надоместоците за трансакции преку КИБС и МИПС. Поставени се нови тарифни модели со поволни надоместоци за трансфери кон земји членки на СЕПА, кои се значително пониски од традиционалните канали што се достапни сега. Намалени се и ред други надоместоци за користење производи и услуги на Комерцијална банка.
Ова е уште една мерка со која овозможуваме услугите да бидат подостапни до клиентите и да им обезбедат и финансиска заштеда. Нашата крајна цел е клиентите да добијат повеќе вредност и заедно полесно да стигнеме до целта.

Тоа е деловната мисија на Комерцијална банка во целото свое постоење, кое годинава брои јубилејни 70 години.
Во современото секојдневие, со целокупното работење и со богатата понуда на иновативни производи и услуги сакаме да им овозможиме на клиентите заштеда на време и на пари, да им обезбедиме беспрекорно корисничко задоволство и да им помогнеме одговорно и ефикасно да управуваат со личните и деловните финансии. На тој начин, не само што следиме глобални трендови, туку градиме доверба и долгорочна врска со нашите клиенти.

Комерцијална банка постојано ја збогатува и понудата на платежни и на кредитни производи за физички лица. Дали и ова е резултат на новите, поразлични и поспецифични потреби на клиентите или пак повеќе е на конкуренцијата, која се засилува и од страната на финтек компаниите?

Како банка која во фокусот го има задоволството на своите клиенти, постојано ги следиме трендовите на пазарот и во таа насока креираме производи и услуги „по мерка“ на животниот стил и сѐ поразновидните потреби на граѓаните и компаниите. КБ пакетите, на пример, се дизајнирани за да обезбедат флексибилност и избор, комбинирајќи повеќе бенефити за пониски трошоци, со што клиентот добива сѐ во едно со поголема вредност за своите пари. КБ пакетите се повеќе од добра причина за да ја прима платата или пензијата во Комерцијална банка и со тоа да добие пристап и поволни услови за користење редица други производи и услуги.
Особено внимание посветивме на Пакетот за млади, кој е прилагоден на новите генерации и на нивниот современ и динамичен начин на живот. Наскоро ќе добие уште помодерна, поатрактивна и повозбудлива верзија и ќе им понуди на младите бројни нови бенефиции што ќе можат да ги користат секој ден.
Ги имаме предвид и софистицираните барања на клиентите кои бараат повеќе од вообичаеното затоа што сакаат уникатност и неограничени можности. Со таа цел за прв пат во Македонија ја воведовме новата премиум дебитна картичка Visa Signature, која нуди уникатни премиум поволности, привилегии за патувања и низа дополнителни придобивки за уште поголема слобода. Лојалноста на клиентите ја наградуваме и преку BonusBox програмата, која им овозможува на сите корисници на Debit Mastercard World картичката поврат на средства со секоја трансакција и уште многу специјални погодности.
Кај кредитните производи, особено актуелен е Онлајн потрошувачкиот кредит затоа што значи целосно дигитално и идеално финансиско решение достапно 24/7 за корисниците на апликацијата мБанка. Во само неколку минути, клиентот ги добива средствата од одобрениот кредит на својата сметка, без да има потреба да оди во банка.
Задоволството на нашите клиенти го мериме и преку нивната потреба за сигурност и за таа цел им овозможуваме и кредитни производи со вклучување на животно или неживотно осигурување. На тој начин тие добиваат поголема финансиска сигурност и стабилност.
Затоа, на вториот дел од Вашето прашање можам слободно да кажам понудата на Комерцијална банка е одговор на сѐ што му треба на еден корисник на современи банкарски решенија, независно дали е физичко или правно лице.

Колку македонските граѓани се расположени за задолжување со кредити и картички во моментот имајќи го предвид рекордниот раст на цените во сите пазарни сегменти? Особено е интересен пазарот на недвижности со ценовниот раст кој не попушта. Што им нуди Комерцијална банка на граѓаните во доменот на станбени кредити?

Побарувачката за кредити и за кредитни картички кај граѓаните останува стабилна и на задоволително ниво и покрај ценовните притисоци кои се присутни во сите пазарни сегменти. Она што охрабрува во вакви услови е што корисниците генерално покажуваат и солидна финансиска дисциплина, така што задолжувањето е во согласност со нивните реални можности и потреби.
Тоа е позитивен показател за финансиската свесност на населението и за нивната безгрижна финансиска иднина. Исто така, тие сѐ повеќе се свесни и за бенефитите што ги добиваат од одреден производ. На пример, картичките на Комерцијална банка не се само платежно средство, туку значат и припадност во една заедница која има на располагање голем број поволности и бенефити. Ние како банка сме горди што ја донесовме првата картичка во Македонија уште пред 30 години и што континуирано поставуваме нови стандарди во овој пазарен сегмент во земјата. А, изборот на граѓаните дали ќе користат кредит или кредитна картичка најчесто зависи од индивидуалните преференци, животниот стил и од навиките.
Побарувачката, пак, за станбени кредити во услови на изразен раст на цените на пазарот на недвижности е континуирана, што во голема мера се должи и на тоа што станбениот кредит на Комерцијална банка претставува атрактивно и ефикасно финансиско решение за купување нов дом со поволни каматни стапки, можност за грејс период во отплатата и за вклучување полиса за животно осигурување.
Сето ова е резултат и на фактот што секој корисник на кредит од Комерцијална банка пред да го направи финалниот избор од нашиот стручен тим добива низа потребни информации и корисни совети за да ја избере опцијата која најмногу му одговара и која ќе му донесе најголемо задоволство.
Факт е дека купувањето недвижен имот, особено за домување, е дел од традицијата на ова поднебје да се поседува домот за разлика од западните земји каде што многу почеста е праксата за изнајмување.

Д-р Никола Џамбазовски, Главен директор за продажба и развој и член на Управниот одбор на Комерцијална банка АД Скопје

Според последните податоци на Народната банка, македонските граѓани сѐ уште имаат повеќе депозити отколку кредити. Комерцијална банка важи за столб на довербата на штедачите. На што се должи оваа лојалност?

Довербата и лојалноста на штедачите кон Комерцијална банка нѐ прави особено горди затоа што се потврда на долгогодишната стабилност, посветеност и докажани вредности на Банката. Во своето 70 годишно постоење, Комерцијална банка во континуитет нуди беспрекорно работење и позитивно корисничко искуство, што ја позиционира како сигурен партнер на генерации клиенти. Тие му веруваат на тимот на Банката затоа што тој секогаш им нуди транспарентност, стручност, професионалност и фер однос.
Секако, за штедачите е од значење и можноста преку своите депозити да остварат сигурен принос од камата. Тоа, исто така, е силен мотив за нивната лојалност кон Комерцијална банка. Штедачите во Комерцијална банка не гледаат само финансиска институција, туку партнер кој обезбедува сигурност за нивната иднина и решение за остварување на нивните цели.

Комерцијална банка е и банка на бизнисот. Освен што обезбедува финансиска поддршка за најголемите македонски компании, што сѐ нуди за малите и средните бизниси и особено за „зелени“ инвестиции, кои сѐ повеќе се барани од компаниите?

Зелените инвестиции и за граѓаните и за компаниите веќе не се само тренд, туку стануваат и нужност за одржливост, ефикасност и заштеди. А одржливоста и ефикасното работење бараат и други иновации и инвестиции кај компаниите со кои ќе го развиваат бизнисот и ќе се носат со конкуренцијата. Имајќи ги предвид сите овие потреби на бизнисот, Комерцијална банка како докажан лидер во понудата на иновативни и атрактивни кредитни линии, обезбедува финансиска поддршка и за најголемите компании и за малите и средните бизниси, како и за граѓаните во делот на инвестициите за енергетска ефикасност на нивниот дом.
За граѓаните, во тек е кредитната линија за подобрување на енергетската ефикасност обезбедена во соработка со ЕБОР, преку GEFF програмата. Оваа линија им овозможува исклучително поволни кредитни услови за финансирање проекти за заштеда на енергија и пониски трошоци во домот, со можност за поврат до 20% од висината на инвестицијата, како особено значаен стимул. Интересот за оваа линија е постојано голем, што ја потврдува свесноста на граѓаните за важноста на зелените и одржливи инвестиции.
За малите и средните компании, пак, имаме широка понуда на кредитни линии за енергетска ефикасност, конкурентност и иновативност, како и бројни современи и ефикасни алатки за поддршка на нивното работење со меѓународните пазари, исто како и за големите компании. Кредитите за компаниите, обезбедени од средства на Банката, како и од повеќе кредитни линии, имаат атрактивни услови и каматни стапки. На пример, активна е кредитната линија зa финансирање инвестициите на мали и средни претпријатија во високи технологии и услуги кои ја поддржуваат зелената економија, обезбедена во соработка со ЕБОР преку програмата GFF Македонија. Таа нуди кредитна поддршка за проекти за употреба на енергија од обновливи извори и за унапредување на енергетска ефикасност, со можност за исплата на грант до 10%. Во завршна фаза, пак, е реализацијата на кредитната линија за финансирање инвестиции и развој на приватни трговски друштва (т.н. унгарска кредитна линија од РБСМ) со атрактивна каматна стапка од 1,95%.
Преку широката коресподентска мрежа на Банката, компаниите можат да вршат брзи и безбедни платежни трансакции со сите земји во светот во најразлични валути. Во доменот на финансирањето на надворешната трговија, имаат на располагање акредитиви, девизни гаранции, форфетинг, кои овозможуваат склучување и на најкомплексни надворешно-трговски зделки и конкурентност на меѓународните пазари. Долгогодишното искуство и експертиза на Банката во оваа област се препознаени преку бројни награди од меѓународни финансиски и банкарски институции.
Преку дигиталните канали на Банката, пак, можат да ги задоволат целосно сите потреби за платежни услуги во домашниот и во меѓународниот платен промет и притоа да си обезбедат значајна заштеда на време и средства. Овие високо софистицирани, напредни и пред сѐ прилагодливи решенија, може да се прилагодат на потребите и на најголемите корпорации, но и на малите и на средните компании.

Уште не почетокот од интервјуто заклучивме дека иновациите го движат пазарот на банкарски услуги. Клиентите се навикнаа на постојани изненадувања, па со што ќе ја изненадите јавноста во следниот период. Што ново може да очекуваме од Комерцијална банка?

Иновациите, особено во дигитална технологија, се двигател на модерното банкарство и затоа Комерцијална банка останува посветена на нови инвестиции во дигитализацијата на своите услуги, како и на понудата на иновативни решенија кои ќе им нудат на клиентите избор, слобода и сигурност во светот на финансиите. Имајќи го предвид динамичното темпо на живот, но и интензитетот на промените кои се случуваат во сите сегменти на општеството, развојот и примената на вештачката интелигенција, за следниот период подготвуваме повеќе новитети кои ќе ја направат Банката уште поблиска и пофлексибилна за сите клиенти. Тоа значи нови паметни дигитални алатки и богата понуда на постојни и нови производи и услуги кои ги задоволуваат и најпрефинетите потреби и желби. Особено на младата популација затоа што таа без исклучок бара ново, возбудливо и корисно искуство.
Со задоволство можам да најавам и убаво изненадувања за лојалните клиенти, а во име на 30-годишниот јубилеј од првата Mastercard платежна картичка во Македонија, овозможена токму од Комерцијална банка како пионер во понудата на ваков производ на пазарот во земјава. Банката е горда на 30 годишното партнерство со Mastercard, кое сведочи за многу иновативни и корисни кредитни производи кои го олеснуваат секојдневниот живот на граѓаните и секојдневното работење на компаниите.
Остануваме и понатаму фокусирани на понуда на модерни услуги кои ќе овозможат уште поголема удобност и сигурност во секојдневните финансии. Нашата цел е новите производи секогаш да носат нешто повеќе од очекуваното.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот