Помпе

Двојката Помпео користела персонал на Стејт департментот повеќе од 100 пати за приватни цели

 Поранешниот државен секретар на САД, Мајк Помпео и неговата сопруга Сузан во повеќе наврати ги злоупотребија ресурсите и вработените во Стејт департментот за приватни цели, се вели во долгоочекуваниот извештај на генералниот инспектор.

Извештајот опишува над 100 случаи на непримерно однесување „кои немале очигледна врска со официјалните работи на Стејт департментот”.

Советник на поранешниот државен секретар во 2019 година поминал три месеци работни часови во подготовки за состанок во Вашингтон со политичка организација од Канзас, во која учествувал еден од донаторите на Помпео, се вели во извештајот.

„Списокот на учесници во делегацијата подготвен од г-ѓа Помпео и даден на високиот советник ја истакна претходната политичка поддршка на неколкумина од нив за изборната кампања на Помпео за Претставничкиот дом и не укажува на какви било врски помеѓу посетата и делокругот на работа на Министерството за надворешни работи”, посочува инспекторот.

Парот исто така ги задолжил вработените во Стејт департментот да се грижат за нивните лични работи, да планираат настани кои не се поврзани со мисијата на Стејт департментот и да извршуваат приватни задачи како што се грижа за домашни миленици и испраќање приватни божиќни честитки, се вели во извештајот

Во документот се потврдува дека истрагата на генералниот инспектор започнала со приговор на свиркач во кој се наведува дека двојката Помпео „побарала од вработените во Одделот да извршуваат задачи од личен карактер”.

Помпео остро ги критикуваше наводите, критикувајќи го извештајот како „уште еден обид на владата да ме клевети и уште полошо, мојата сопруга”.

Поранешниот државен секретар и поранешен конгресмен го нарече извештајот политички документ и го критикуваше протекувањето на извештајот до медиумите пред неговото официјално објавување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот