Двогрби камили од Чешка пристигнаа во скопската зоолошка (ФОТО)

Скопје Зоо за првпат има алапаки, а заедно со нив стигнаа и двогрби камили. Директорот на скопската зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски соопшти дека животните пристигнале попладнево од Чешка.

-Само што ни пристигна двогрбата камила Карлос, а веќе се чувствува опуштено како дома.
Младиот мажјак, до крајот на неделата ќе ја пречека и својата другарка- стои во објавата на Фејсбук.

-Да, попладнево со транспорт од Чешка пристигнаа 3 алпаки и 2 камили. Алпаките се јужноамерикански животни , живеат во Чиле, Перу, Боливија, на Андите и се прилагодени и на високи и ниски температури. Вистинска атракција се во сите светски зоолошки. Камилите се двогрби. Уште кога ме назначија ветивме дека мора да донесеме, изјави директорот на скопската зоолошка, Ѓорѓи Галетановски за „Фокус“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот