Сообраќајна несреќа / фото: МИА

Две момчиња на „Томос“ се судриле со друг мопед во Охрид, 65-годишниот возач е тешко повреден

Вчера околу пладне, во судир на два мопеда во Охрид, тешко е повреден 65-годишен човек, а со полесни повреди поминало едно од двете млади момчиња на другиот мопед, соопшти МВР.

„На 02.06.2025 во 13:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улица „7 Ноември“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „томос“ со охридски регистарски ознаки, управуван од А.И.(19) од Охрид и мопед „педа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од В.С.(65) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот В.С., а со телесни повреди се здобил Е.И.(20) од Охрид, сопатник на мопедот „томос“, констатирани во Општа болница во Охрид. Увид на местото изврши екипа од СВР Охрид“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот