фото: fkrabotnicki.com

Две лица се степале пред стадионот „Тодор Проески“

Двајца скопјани физички се пресметале пред стадионот „Тодор Проески“ во очи куп-полуфиналето меѓу Вардар и Брера.

„Вчера во 15.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Б.Д.(29) и Ј.М.(30), двајцата од Скопје, затоа што околу 15.30 часот пред влез на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка“, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот