Полиција / илустрација / Фото: Општина Центар

Две девојки се повредени, со „Поло“ излетале од автопатот кај Куманово

Девојка и нејзина врсничка се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Куманово-Табановце, откако излетале со автомобил „Поло“, соопшти МВР.

„На 24.07.2025 околу 21:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од.21-годишната А.Ѓ од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката А.П.(22) од Куманово, додека со телесни повреди возачот, констатирани во Општа болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот