фото: твитер

Двајца италијански пливачи загинаа во авионска несреќа (ВИДЕО)

Ова го потврди италијанската пливачка федерација која во соопштението вели дека Росети го управувал авионот.

Италијанските пливачи Фабио Ломбини (22) и Џоеле Росети (23) денеска во утринските часови загинаа откако нивниот ултралајт авион се урна веднаш по полетувањето од училиштето за летови во Нетуно, 60 километри јужно од Рим, информираат италијанските медиуми.

Ова го потврди и италијанската пливачка федерација која во соопштението вели дека Росети го управувал авионот. Федерацијата изрази најдлабоко сочувство до семејството, пријателите и клубовите.

Голема трагедија во Хрватска: Загинаа двајца млади спортисти (ВИДЕО)

Ломбини учествуваше во тридневниот тренинг камп во италијанскиот национален комплекс за пливање во близина на Остиа.

Ломбини беше специјалист за слободен стил на 200 метри, учествуваше на Универзијадата во Тајпеј во 2017.

Истата година освои сребро во италијанскиот пливачки шампионат и воедно беше финалист на Европското првенство на кратки патеки во Копенхаген, Данска. Росети имаше успех на младинско ниво во Италија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот