Членови на Хезболах присуствуваа на погребот на членот на групата, Али Мохамед Чалби, во Кфар Мелки, убиен откако уредите за комуникација беа детонирани низ Либан, 19 септември 2024 година. (Азиз Тахер) (Ројтерс)

Двајца убиени во израелски напад врз јужен Либан, Израел вели дека е убиен висок член на Хезболах

Две лица беа убиени во израелски напад врз јужен Либан денеска, објавија либанските државни медиуми, а Израел соопшти дека е убиен „висок член“ на движењето Хезболах.

Либанските медиуми објавија дека еден од загинатите е човек кој ги преживеал експлозиите на „пејџерите“ на членовите на Хезболах што Израел ги предизвика минатата година со детонирање на овие едноставни уреди за пораки во џебен формат.

Израелската армија соопшти дека го убила Хасан Атви, „клучен терорист во единицата за воздушна одбрана на Хезболах во регионот Набатие“.

Атви ги предводеше „напорите за реорганизација и вооружување“ на единицата и одржуваше контакти со иранските лидери за купување опрема, додаде израелската армија.

Според државните медиуми, Хасан Атви беше убиен додека неговата сопруга беше зад воланот.

Тој беше ранет и го изгуби видот во експлозија на „пејџер“ и „токи-токи“ минатата година.

Во септември 2024 година, Мосад, израелската служба за надворешно разузнавање, го шокираше светот со напад врз членови на Хезболах со експлозивни „пејџери“, при што загинаа 39 и беа ранети 3.000, многу од нив цивили, според либанските власти.

Иако операцијата „носеше белег“ на израелската служба за надворешно разузнавање, Мосад, Израел не ја презеде отворено одговорноста за неа сè додека премиерот Бенјамин Нетанјаху во ноември минатата година не изјави дека ја одобрил.

Прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах е во сила од 27 ноември 2024 година, но Израел продолжи со своите напади, тврдејќи дека ги таргетира борците и инфраструктурата на Хезболах, особено во јужен Либан.

ОН соопшти на почетокот на октомври дека 103 цивили се убиени во Либан откако стапи на сила прекинот на огнот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот