Фото: „Слободен печат“.

Двајца туристи се изгубиле на Матка, се јавиле на 112 во ЦУК и биле спасени

Двајца туристи од Хонк Конг се изгубиле во кањонот Матка во регонот на манастирот „Свети Никола Шишевски“ по што се пронајдени од тим од полициската станица Сарај преку Единствениот број за итни случаи 112.

Повикот за помош е примен денеска попладнем во 18:10 часот преку мобилен телефон без картичка. На англиски јазик тие го информирале вработениот на бројот за итни случаи дека се изгубени и дека имаат минимално храна и вода.

Дежурниот оператор на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, бил подолго време во комуникација со нив и ги координирал да пронајдат нешто забележливо во нивната околина. По пронаоѓањето на знак на патека за манастирот „Свети Никола Шишевски“ дежурниот оператор од 112 во ЦУК им посочил да останат до знакот на патеката. Потоа веднаш координирал со МВР за нивно пронаоѓање и за извлекување на безбедно, соопшти ЦУК.

Туристите се пронајдени и безбедно извлечени во 20:15 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот