Фото: EPA-EFE/A. CARRASCO RAGEL / илустрација

Двајца Романци уапсени во Грција заради шпионажа, сликале поморска база

Двајца Романци се уапсени во понеделникот попладне за шпионажа откако во нивните мобилни телефони беа пронајдени фотографии од поморската тврдина Саламис, најголемата поморска база на Грчката морнарица во североисточниот дел од островот Саламис, објавија грчките медиуми повикувајќи се на соопштение од полицијата.

Двајцата мажи од Романија, на возраст од 22 и 52 години, се пронајдени на туристички брод што пловел во теснецот Нафстатмос и биле запрени од брод на морнарицата.

Двајцата мажи од Романија биле однесени во Централната пристанишна управа на Пиреја, каде што се уапсени за шпионажа, по член 148 од Кривичниот законик на Грција.

Во исто време, им биле конфискувани 3 мобилни телефони, 4.700 евра и 400 долари пронајдени кај нив, додека бродот на кој се наоѓале бил однесен во Палукија, Саламис, со цел да се изврши темелна проверка на неговите документи за превоз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот