Полиција / Фото: МВР

Двајца повредени во верижен судир на патот Скопје-Велес

На патот Скопје-Велес, вчера во 14:50 часот било пријавено дека во атарот на селото Колонија се случила верижна сообраќајна несреќа во која учествувале три автомобили и едно товарно возило, во која со повреди сте здобиле две лица.

„На 03.09.2025 во 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје- Велес, атар на с.Колонија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(58) од Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.С.(55) од Скопје, товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(50) од Скопје и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(24) од с.Мралино, скопско“, велат од полицијата.

Оттаму додаваат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. и неговата сопатничка Г.С. од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, а увидна екипа на СВР Скопје извршила увид на местото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!