Полиција / Фото: МВР

Двајца повредени во сообраќајка кај Ногаевци, се судрија две возила и трактор

Двајца повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово околу 6 часот на регионалниот пат Велес-Градско.

Според информациите од МВР, во несреќата, која се случила на околу 100 метри по селото Ногаевци, учествувале трактор и два автомобили.

„Утринава околу 06:00 часот на регионалниот пат Велес–Градско, на околу 100 метри по селото Ногаевци, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила – „голф“ и „форд“ – и трактор без регистарски ознаки.

Во несреќата повредени се возачот на тракторот и сопатник од „голфот“, кои веднаш биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош“ соопшти МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Велес. Поради увидот, патниот сообраќај на оваа делница беше во прекин од 06:25 до 08:20 часот.

Прекин на сообраќајот на патот Велес-Градско поради сообраќајна несреќа

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот