Фото: Фејсбук

Двајца повредени при успешното гаснење на пожарот во Валандовско

Пожарот кој избувна вчера попладне околу 14 часот во непосредна близина на валандовско село Грчиште утрово е ставен под контрола откако сите четири критични точки се успешно покриени, информира заменик директорот на ЈП „Национални шуми“ Кире Михаилов кој додаде дека при гаснењето се повредени две лица од претпријатието.

Михаилов истакна дека пожарот имал четири критични точки кои се успешно покриени и додаде дека во неговото гаснење учествувале повеќе од 60 луѓе.

-Повеќе од 60 луѓе од 5 часот наутро се на линијата на огнот и до овој момент може да кажеме дека и покрај тоа што беше голема, целата линија на огнот е покриена. За жал во вчерашниот пожар лесно беа повредени и двајца колеги од ЈП „Македонски шуми“, при што на едниот му беше дадена кислородна поддршка, а другиот беше пратен во Општа болница Струмица за понатамошна помош – вели Михаилов.

Тој се заблагодари на луѓето од подружниците на  ЈП „Национални шуми“, противпожарните служби, доброволците и шумската полиција за нивниот огромен придонес при гаснењето на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот