Бакар / Фото: Needpix.com

Двајца крадци однеле бакар вреден 50.000 евра од битолска фирма

СВР Битола поднесе кривична пријава против двајца битолчани на возраст од 23 и 36 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Тие се осомничени дека од фирма во градот украле бакар вреден речиси 50.000 евра, велат од полицијата.

„На 26.05.2024 пријавените со употреба на физичка сила влегле во две хали на правен субјект во Битола и одзеле бакарен кабел од електрична инсталација и други предмети, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 2.970.000 денари“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот