Фото: Слободен печат – Методи Здравев

Двајца државјани на Турција уапсени во Скопје за изнуда на 40.000 евра

Државјанин на Турција пријавил во полиција дека сонародник, кој живее во Обединетите Арапски Емирати, со денови му се заканувал дека ќе го убие доколку не му даде пари, а пред да го пријави случајот добил повик од друг човек кој му ги побарал парите и најавил дека ќе дојде со уште едно лице.

Двајца државјани на Турција се уапсени во Скопје при примање 40.000 евра изнудени од сонародник.

„На 29 септември 2025 година, во 18:40 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Единицата за насилен криминал и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, во координација со јавен обвинител, ги лишија од слобода 29-годишниот Е.О. и 22-годишниот Е.А., двајцата од Република Турција. Тие се затекнати при примање 40.000 евра од 26-годишниот Х.Џ.Ч. од Република Турција, со привремен престој во Скопје, кои претходно се кримтехнички обработени“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Имено, претходно во полициска станица Х.Џ.Ч. пријавил дека неколку дена Б.О. од Република Туција, кој живее во Обединетите Арапски Емирати, постојано му се заканувал дека ќе го убие ако не му дава пари. Според пријавеното, пред Х.Џ.Ч. да го пријави настанот во полиција, добил повик од Е.О. кој го известил дека парите треба му ги даде нему и дека ќе дојде со уште едно лице на договореното место.

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде подмесена соодветна пријава, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот