Теретана илустрација / Фото: Gennadii Rybalov / Alamy / Alamy / Profimedia

Двајца браќа завршија во болница откако се обиделе да спречат тепачка во теретана во Чаир

Двајца браќа завршија во болница откако се обиделе да спречат тепачка меѓу три лица во теретана во Чаир.

„Вчера во 22.00 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со убодни рани е донесен И.А.(38) од Скопје. Според пријавеното, околу 21.45 часот пред фитнес клуб на подрачјето на Чаир во Скопје, тој и неговиот брат А.А.(32) се обиделе да разделат три лица кои физички се пресметувале, при што биле нападнати со остар предмет. Притоа, и А.А.(32) се здобил со убодни рани и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана помош. Во врска со настанот, подоцна во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје на преглед се јавил и Б.Р.(25) од Скопје и во службен разговор изјавил дека бил нападнат од А.А., додека браќата И.А. и А.А. биле нападнати од Б.С. и А.С.. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и на местото е пронајдена бела прашкаста материја“, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот