океан море
Фото: Pexels

Два чамци се превртеа во близина на Калифорнија, загинаа осум лица

Околу осум лица загинаа откако два чамци се превртеа во близина на плажата Блекс во Калифорнија. Несреќата се случила во саботата, доцна вечерта.

Како што информираат медиумите во Соединетите Американски Држави, пожарнираките и спасувачите во Сан Диего на повикот одговориле околу 23:30 часот. Биле испратени и два хеликоптери, но поради маглата условите за потрага по жртвите биле исклучително тешки.

Кога временските услови ќе дозволат, спасувачките екипи ќе се вратат на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот