Фото: Слободен печат, Слободан Ѓуриќ

Дурмиши: КЗК нека си ја тера работата, им верувам дека откриле „картелско здружување“ на трговските синџири

Министерот за економија и труд повтори дека Комисијата постапува спред законите за нефер трговски практики и за заштита на конкуренцијата

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши поздрави одлуката на Комисијата за заштита на конкуренцијата за евентуалната прекршочна постапка за четири големи ланци маркети, но и против една од поголемите комори во земјава. Тие беа осомничени дека склучиле договор за формирање цени, односно картелско здружување.

-На секој ваков договор што е нелегален ќе му се спротивставиме според сите ингеренции што ги имаме во законот. Ја поддржуваме иницијативата и Комисијата да врши проверки на терените – посочи Дурмиши.

Прашан дали има „картелско здружување“, министерот вели дека не е надлежен за тоа и тоа е во надлежност на КЗК и треба да се остави таа да си ја тера работата до крај.

-Тие се релевантни и ако кажаа дека има такво нешто, јас им верувам. Веќе известуваат дека најдени се податоци за кршење на законот, тогаш верувам дека има „картелско здружување“ – додаде Дурмиши.

Тој повтори дека Комисијата постапува спред законите за нефер трговски практики и за заштита на конкуренцијата. Тие си потпишаа Меморандуми за соработка со ДПИ, додаде министерот.

Инаку, неговите први информации се дека се почитува одлуката за замрзнување на маржите.

-ДПИ е надлежен. Идната недела ќе имам пак состанок со нив – рече Дурмиши на брифинг со новинарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот