Гума за џвакање- Фото: Wikimedia Commons |

Дури 5 милиони луѓе во регионот купуваат производ што не им е потребен

Потрошувачката на мастики за џвакање на пазарите во Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Србија е на високо ниво, со вкупно 6,7 милиони возрасни потрошувачи во последните 12 месеци. Истражувањето спроведено од Словенечкиот институт за истражување на пазарот и медиумите Медиана ја опфати популацијата на возраст од 15 до 69 години на споменатата територија, пишува специјализираниот портал Instore.

Гумите за џвакање се најконсумирани во процент во: Босна и Херцеговина: 65,8% од возрасната популација, Хрватска: 61,3% од возрасната популација, во Србија: 54,8% од возрасната популација ги џвака умерено или често, а во Словенијасе бележи најмал процент на потрошувачи од 46,3%. Во споменатиот период, речиси 5,9 милиони луѓе на споменатите четири пазари консумирале мастики за џвакање еднаш неделно или почесто.
Кога станува збор за брендовите за гуми за џвакање, постои јасна доминација на регионалниот пазар: Брендот Orbit има најголем број корисници на пазарите во Србија, Хрватска и Словенија, а брендот Airwaves е најконзумиран на пазарот во Босна и Херцеговина.

Вкупно, околу пет милиони граѓани на споменатите земји го консумирале Orbit во последните 12 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот