
Дука: Новозаразените во Дебар се млади лица од 20 до 30-годишна возраст (ВИДЕО)
Епидемиолошката состојба со Ковид-19 ја оценивме како алармантна затоа што имаме голем број на ифицирани, а според пороценките на надлежните се очекува да има и други, рече на денешната прес-конференција, градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.
Препорачано
Она што посебно загрижува, додаде тој, е фактот што новозаразените се млади лица од 20 до 30-годишна возраст.
Посочи дека се очекуваат резултати од 40 земени брисеви, како и за еден вработен од детската градинка, каде од 69 земени брисеви 68 се негативни.
-Зголемување на бројот на новозаразените, според нашата оценка е поради олеснувањето на рестриктивните мерки, непочитувањето на протоколите за работа посебно во кафулињата и рестораните, движењето по маркетите, како и во други инситуции, особено во банките, поштата… каде се забележуваат големи групи на граѓани. Доколку не се почитуваат препораките за заштита тогаш кај нас се очекува зголемен број на новозаразени, рече Дука.
Додаде дека Општата болница е подготвена за прием на евентуално нови болни и оти од Министертвото за здравство е доставен апарат за кислород, како и 20 кревети.
-Безбедносната состојба е мирна. Единствено не загрижуваат неофицијалните информации дека лицата кои треба да се во самоизолација или оние на кои им се земени тестови за Ковид-19 или се веќе потврдени слободно се шетаат низ градот. Апелирам до сите строго да ги почитуваат препораките зашто успешноста на битката со коронависот зависи од совесноста на нас самите, порача Дука.
Тој рече дека доколку некој забележи вакво нешто може да се јави на телефонскиот број 834-100 или во полициската станица.