ДУИ - штаб / Фото: „Слободен печат“ - Зоран Димовски

ДУИ: За Албанците е штетен новиот Закон за правична застапеност

Партијата од Мала Речица реагира на предложениот нацрт-закон за правична застапеност, кој, според нив, има за цел да го замени Балансерот – правен и обврзувачки инструмент за одразување на демографската реалност во јавните институции – со нејасна, неефикасна и политички стерилна структура како што е „координативно тело“.

„Ова е обид уставната обврска да се претвори во административна фарса и да се демонтира една од најважните столбови на Охридскиот рамковен договор: правичната и еднаква застапеност на етничките заедници. За Албанците, овој закон е штетен. И нема да запреме сѐ додека Балансерот не се врати како единствен правно обврзувачки механизам за гарантирање еднаквост во администрацијата“, велат од ДУИ.

Според нив, замената на, како што го нарекуваат, прецизниот и транспарентен калкулатор со „годишни извештаи“ и „координативни тела“ кои немаат никаква надлежност да ги обврзат институциите да го почитуваат принципот на застапеност, е самото по себе политички чин што создава неправда и институционална етничка доминација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот