Седиштето на ДУИ во Мала Речица, тетовско / фото: МИА

ДУИ избира нови претседатели на 14 ограноци

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одржува внатрепартиски избори за консолидација на нејзините партиските тела во 14 ограноци со примена на демократскиот принцип „еден член, еден глас“.

„По успешно завршениот процес на регистрација на членството, проверката и објавувањето на кандидатурите и изборната кампања на кандидатите што завршува денес (петок, 30 јуни), во недела го повикуваме членството на Демократската унија за интеграција слободно да се изјасни за новото раководство на ограноците во Бутел, Чаир, Дебар, Јегуновце, Кичево, Крушево, Куманово, Липково, Битола, Петровец, Пласница, Преспа, Шуто Оризаре, Велес“, соопшти ДУИ.

Во текот на овој изборен процес се гласа за избор на претседатели на ограноци, членови на раководството на ограноците, претседатели на локалните подограноци и членови на раководството на локалните подограноци, процес кој ќе го води Партиската изборна комисија.

Примената на овој модел при изборот на партиските органи, се додава во соопштението, го докажува демократскиот пристап и капацитет на Демократската унија за интеграција.

„На крајот на овој демократски процес, победници ќе бидат сите, бидејќи општото добро, придонесот за неговото остварување и ефикасната служба кон граѓаните се несомнено наша заедничка мисија, се вели во соопштението од ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот