Фото „Аџибадем Систина“
Фото „Аџибадем Систина“

Државното здравство ќе добива помош од доктори од „Систина“

Министерството за здравство и Клиничката болница „Аџибадем Систина“ денес потпишале меморандум за соработка со кој се овозможува вклучување на медицински кадар од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ во јавните здравствени институции, особено во ситуации на зголемени потреби, недостиг на кадар или други приоритетни здравствени барања, информираат оттаму.

Министерот за здравство Азир Алиу со претставници на болницата разговарал за низа иницијативи за промена на Законот на здравствена заштита во делот на згрижување на ургентни состојби, кои во моментот претставуваат организациски проблем во работењето на приватните болници.

На состанокот беше нагласен и реалниот проблем со недостаток на медицински кадар како причина за одложување на интервенции во јавното здравство, во момент кога во истите јавни институции здравствениот кадар пружа здравствена услуга во приватните болници, при што се создаваат долги листи на чекање. Според Меморандумот, Министерството за здравство се обврзува да ги идентификува јавните здравствени установи со потреба од дополнителен кадар, да обезбеди административна и правна поддршка, како и да ја координира соработката. Од друга страна, „Аџибадем Систина“ ќе обезбеди квалификуван здравствен кадар, кој ќе биде ангажиран согласно утврдените услови и највисоките професионални стандарди, наведуваат од „Систина“ во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот