Државните советници ќе може да одат во пензија на 55 години
Другите две опции што им се нудат на државните советници се спогодбен престанок на работа со отпремнина, или распределба на ново работно место
Државните советници на кој им истекол мандатот, ако сакаат, ќе може да одат во пензија на 55 години. И ова е предвидено во нацрт-предлогот на Законот за административни службеници кој деновиве предизвика низа реакции со одредбата според која „полното работно време на административните службеници изнесува 36 часа неделно, односно осум часа дневно од понеделник до четврток и 4 часа дневно во петок, доколку со закон и/или колективен договор поинаку не е утврдено“.
Препорачано
Во нацртот на предлог законот за кој се уште се води јавна дискусија пишува:
„Државните советници вработени до денот на започнување со примена на овој закон, за кои нема да има работни места на кои би биле распоредени може: да бидат предвремено пензионирани доколку на денот на влегување во сила на овој закон имаат навршени 55 години старост и имаат 15 години работен стаж“.
Другите две опции што им се нудат на државните советници се спогодбен престанок на работа со износ кој се уште не е дефиниран во нацртот и закој е оставен празен простор, или пак, да бидат распоредени на работно место во институцијата за кое исполнуваат услови.
Што се однесува пак до државните секретари, тие ќе ја вршат својата функција по сатарото законско решение до истекување на новниот мандат, а потоа ќе се биеа нов секретар, според новиот закон.
Овој нов закон би требал да влезе во сила еден месец по неговото донесување во Собранието, со исклучок на одредбите за испит за административен службеник кои би требале да започнат да се применуваат по воспоставување на софтверот за полагање на испит на Агенцијата.