Мерик Гарланд / Фото EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Државниот обвинител на САД назначи советник за истрагите против синот на Џо Бајден

Американскиот државен обвинител Американскиот државен обвинител Мерик Гарланд денеска објави дека назначил специјален советник во истрагата за деловните зделки на синот на претседателот Џо Бајден, Хантер Бајден. Гарланд го назначи Дејвид Вајс, американскиот адвокат во Делавер кој ги истражува финансиските и деловните зделки на Хантер Бајден, да служи како специјален советник.

„Со ова проширување на овластувањата, се обидувам да му ги дадам на Вајс сите ресурси кои ги бара“, изјави американскиот државен обвинител Мерик Гарланд, кој ги зголеми овластувањата, пренесува Би-Би-СиХантер Бајден е обвинет за затајување данок и поседување огнено оружје додека бил зависник од дрога. Тој со години е на мета на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и неговите сопартијци кои го обвинуваат за корупција, а Министерството за правда по секоја цена се обидува да избегне затворска казна за синот на актуелниот претседател.

Хантер Бајден е обвинет за затајување данок и поседување огнено оружје додека бил зависник од дрога. Тој со години е на мета на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп и неговите сопартијци кои го обвинуваат за корупција, а Министерството за правда по секоја цена се обидува да избегне затворска казна за синот на актуелниот претседател.

Републиканците во Конгресот се заканија дека ќе поднесат барање за импичмент на Бајден и тврдат дека тој имал корист од бизнисот на неговиот син, пишува Ројтерс.

Ако има судење на Хантер Бајден, тоа ќе биде преседан во американската историја: синот на актуелниот претседател е обвинет за криминални дела во време кога неговиот татко води кампања за изборите во 2024 година, а неговиот противкандидат е многу веројатно републиканецот Доналд Трамп, кому му се закануваат три судења, наведува Ројтерс.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот