
Драстичен скок на цената на јајцата во ЕУ
Цените на јајцата во Европската Унија забележаа значителен пораст, а за првите четири месеци од 2025 година беа за речиси 32% повисоки отколку во истиот период минатата година. Иако цената на јајцата малку се намали во 33-тата недела, таа сепак изнесува 254,76 евра за 100 килограми.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Сепак, во споредба со цените во САД (322,97 евра), европскиот пазар е значително поевтин, додека цените во ЕУ се уште се многу повисоки отколку во Бразил (132,35 евра) и Индија (79,83 евра). Увозот расте, а со тоа и бројот на кокошки несилки- пренесе Каматица.
Зголемената побарувачка го поттикна растот на увозот на јајца од ЕУ. Во периодот од јануари до април, увозот достигна речиси 50.300 тони, што е за 42% повеќе отколку во истиот период минатата година. Украина е сè уште најголемиот снабдувач на Европската Унија, а Аргентина исто така беше значаен извозник во овој период.
Паралелно со зголемувањето на цените и увозот, Европската Унија забележа постојан пораст на бројот на кокошки несилки, а вкупниот број за јуни беше највисок од почетокот на 2023 година.
Цените на живината исто така растат, иако малку поумерено. Во јули, просечната цена на пилешкото месо во ЕУ беше околу 3 евра за килограм, што е речиси 10% повеќе од минатата година. Европските цени се значително повисоки од американскиот и бразилскиот пазар.