
Драматично предупредување на Ангела Меркел: Европа ќе биде скршена
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) издаде сериозно предупредување до Европа, нагласувајќи дека сите мора да останат обединети, инаку би можеле да бидат „скршени“, објавија германските медиуми.
Препорачано
„Овие денови, клучното прашање е иднината на Германија и Европа“, вели Меркел.
Според неа, постои посебен предизвик во финансирањето на трошоците за одбрана.
„Нема да можеме да се справиме со распределба од само два проценти од БДП“, рече таа.
Таа, исто така, го допре прашањето за миграцијата, што беше пресвртна точка во нејзината политичка кариера, особено кога не ги затвори границите на Германија, дозволувајќи стотици илјади бегалци да пристигнат. Проблемот со нелегалната имиграција не може да се реши само на национално ниво.
„Ова останува европска задача, која може да се реши само со договор со соседните земји“, изјавила Меркел, истакнувајќи дека главниот предизвик е всушност во земјите од кои доаѓаат бегалците.
Меркел исто така зборуваше и за американскиот претседател Доналд Трамп.
„Суштината е дека тој знае точно што е важно за него“, рече таа, опишувајќи го како типичен бизнисмен, и додаде: „Ако сакам парче земја, можам да го добијам јас или некој друг. Но, политиката не секогаш функционира на тој начин“, рече поранешната германска канцеларка.
Таа исто така се присети на ситуацијата кога Трамп за време на неговиот мандат одби да се ракува со неа, наведувајќи дека тој, како никој друг, знае како да се стави себеси во центарот на вниманието како никој друг.