Драма во Грција: Жена ја погребала мајка си во дворот од својата куќа за да ја зема пензијата

Шеесет и двегодишна жена која призна дека ја закопала мајка си во дворот на нејзината куќа, за да може да добие надомест за инвалидитет и пензија, ќе биде изведена денес пред обвинителството во Теба, во Беотија, во централна Грција, објавува „Екатимерини“.

Во извештајот на националниот јавен сервис ЕРТ се наведува дека инцидентот се случил во летото 2023 година и дека оттогаш постарата жена не се појавила во селото во Виотија.

Уапсената жена признала дека во летото 2023 година, нејзината мајка, која имала проблеми со движењето, починала во нивниот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот