Фото: Profimedia

Доживотен затвор за тројца проруски сепартисти за соборувањето на малезискиот авион во 2014 година над Украина

Окружниот суд во холандскиот град Хаг денеска на казна доживотен затвор осуди тројца осомничени проруски сепаратисти, на кои им се судеше во отсуство за нивната улога во соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс” на летот MH17 над Украина во 2014 година.

На двајца поранешни разузнавачи, Игор Гиркин и Сергеј Дубински, како и на водачот на проруските сили во Украина, Леонид Карченко, им е наложено да платат најмалку 16 милиони евра отштета за роднините на жртвите, јавија британските меидуми.

Сите осудени се во бегство, а се верува дека се во Русија, која нема да ги екстрадира, наведуваат британските медиуми.

Четвртиот осомничен, Олег Пулатов, е ослободен.

Окружниот суд претходно денеска пресуди дека авионот на на „Малезија ерлајнс’, на летот МХ17, бил соборен над источна Украина со проектил лансиран од противвоздушниот систем „Бук”, од поле во близина на Первомајск, во регионот Доњецк, соопшти судијата Хендрик Стенхуис.

Судот соопшти дека Русија имала целосна контрола врз проруските сили во областа во моментот кога бил соборен авионот.

Пресудата се изрекува по повеќе од осум години откако авионот „Боинг 777″, што летал од Амстердам за Куала Лумпур, на 17 јули 2014 година беше соборен, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот