Фото: dorianbabunski/Instagram

Дориан не запира: Двоен стрелец во победата на Дебрецин, веќе има девет гола сезонава

Репрезентативецот на Македонија, Дориан Бабунски продолжи да игра во одлична форма и вечерва за Дебрецин постигна два гола во победата против Хонвед од 3:2.

Првиот гол Бабубски го постигна по 27 минути игра и така го отвори резултатот, а потоа Хонвед успеа да направи целосен пресврт. Погодуваа Домингез и Лукиќ.

Македонскиот фудбалер на сцена стапи во 71. минута кога израмни на 2:2. За целосен пресврт и победа на Дебрецин се погржи Манце во финишот од натпреварот. Со овие два гола Бабунски стигна девет голо во унгарското првенство, додека Дебрецин е четврти на табелата.

Првиот гол на Дориан – ТУКА.

Вториот гол на Дориан – ТУКА.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот