Фото: POOL EDITORIAL USE ONLY

ФОТО | Доналд Трамп го доби своето 11-то внуче: Се породи Тифани Трамп, бебето доби православно име

Ќерката на Доналд Трамп, Тифани Трамп се породи денеска, а америкаснкиот претседател стана дедо  по 11-ти пат. Таа ја објави среќната вест на Инстаграм и воедно го откри името на детето.

Среќните родители Тифани Трамп и Мајкл Боулс добија син, а го крстија Александар Трамп Боулс. Бебето ги носи презимињата на родителите.

Името Александар значи „бранител на луѓето“ или „воин“, а поврзано е со познатиот Александар Велики.

„Добредојде на светот, наше слатко момче, Александар Трамп Боулс. Те сакаме повеќе отколку што можеме да кажеме со зборови. Ти благодариме што дојде во нашите животи“, напиша Тифани Трамп покрај фотографијата на која ги допира стапалата на своето бебе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Trump (@tiffanytrump)

Нејзината мајка, Марла Мејплс, исто така коментираше, пишувајќи:

„Нема поголема радост на светот. Мајкл и Тифани, оваа баба ве сака сите многу! Беше одлична, девојче мое.“

Инаку, синот на Трамп, Доналд Трамп помладиот има пет деца, неговата ќерка Иванка Трамп има три деца, а синот Ерик Трамп има две деца.

Тифани Трамп објави кон средината на декември 2024 година дека ќе стане мајка, еден месец откако нејзиниот татко ја сподели веста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiffany Trump (@tiffanytrump)

Трамп во една прилика изјави дека многу го сака своето семејство и нагласи дека Тифани и Мајкл се исклучителни луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот