ДОМ ги разреши потпретседателите Петровска и Богдановски

Централниот одбор на партијата ДОМ со мнозинство гласови ги разреши Ана Петровска  и Мирослав Богдановски од функциите потпретседатели и членови на Извршен одбор на ДОМ, и Јасмина Пакашки на функцијата член на ИО на ДОМ, информираше партијата.

Ана Петровска, инжинер архитект и долгогодишен еко-активист, како предлог на ДОМ во коалициската влада на СДСМ во октомври лани беше именувана за директорка на Државниот инспекторат за животна средина, каде оствари забележителни резултати. Останува отворено дали Петровска ќе ја задржи истата државна функција, по овој судир со партиското раководството и  разрешување од партиските функции.

Исто така на седницата на ДОМ, која се одржала со физичко присуство, била разгледана и отфрлена  иницијативата за одржување вонреден конгрес на партијата.

„Мнозинството членови на Централниот одбор едногласно ја отфрли иницијативата, со образложение дека нема потреба од одржување на вонреден конгрес. Членовите истакнаа дека сега фокусот на ДОМ треба да биде подготовка за претстојните локални избори, а не задоволување на лични интереси на поединци“ – се вели во соопштението на ДОМ.

Иницијаторите за свикување вонреден конгрес објаснуваат дека на партијата ѝ се потребни промени во начинот на организирање и функционирање, како и воведување групно претседавање преку ко-претседатели, со цел, како што велат, да се воведат позитивните демократски практики од Европските Зелени, групација во која членува ДОМ.

„Наместо да се прифати демократската иницијатива за Вонреден конгрес и демократизација на партијата, претседателката на ДОМ со малцински број на поединци, членови на ЦО и само 5-6 општински организации, преминаа кон разрешување на функционери од партијата на нестатутарен и незаконски начин“ – соопштија од Иницијативниот одбор за Вонреден конгрес во ДОМ.

Тие велат дека нивната Иницијатива имала обезбедено поддршка со собрани потписи на повеќе од половина членови од Централниот одбор на ДОМ, вклучително и тројца потпретседатели на партијата и на повеќе од 2/3 на општинските организации на ДОМ, што е многу повеќе од потребните услови согласно Статутот, се наведува во соопштението на Одборот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот