H&M / фото: ЕПА

Долгоочекуваниот бренд H&M официјално отвора продавница во Ист Гејт Мол

Арсим Папранику, првиот човек на Ист Гејт Мол на својот инстаграм профил објави видео со кое го најавува доаѓање на познатиот светски бренд H&M кој ќе започне со работа во 2022 година.

Веста ја потврдуваат и од компанијата каде на официјалната страна е најавено дека во текот на 2022 годината H&M планира да отвори свои продавници на пазарите во Еквадор, Косово и Македонија.

Компанијата во моментов има вкупно 4801 продавница ширум светот. H&M Group е семејство на брендови и бизниси, што им овозможува на клиентите да се изразат преку модата и дизајнот и да изберат поодржлив начин на живот.

Во моментов во портфолиото на East Gate има повеќе од 220 продавници кои претставуваат повеќе од 350 брендови. Трговскиот центар нуди шопинг и забава на 160.000 m2.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Arsim Papraniku (@arsimpapraniku)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот