
Доколку Хамас предаде заложници, тоа би значело крај на војната, смета посредникот во преговорите
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, денес изјави дека доколку палестинската милитантна група Хамас предаде заложници, тоа би значело крај на војната, објави Тајмс оф Израел.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ал-Ансари, исто така, им изјави на новинарите во Доха дека Израел веќе требало да ги прекине операциите во Газа, во согласност со мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Очекуваме резултатите од преговорите во наредните денови во врска со прекинот на огнот. Ова прашање прво треба да се упати до израелската окупациска влада. Всушност, таа требаше да го прекине огнот доколку изјавите на тамошниот премиер за почитување на планот на Трамп беа вистинити“, нагласи Ал-Ансари.
Тој рече дека за време на преговорите што се водат во Египет, многу детали од планот од 20 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа сè уште треба да се разработат и дека е прерано да се биде песимист или оптимист, па дури и да се зборува за алтернативи на предлогот на Трамп.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар нагласи дека Катар и САД тесно соработуваат за да се договорат за спроведување на прекин на огнот, кој нема да биде само привремен.
„Во моментов постојат пречки за планот на Трамп, а тие вклучуваат спроведување“, рече Ал-Ансари, додавајќи дека е прерано да се зборува за отворање канцеларија на Хамас во Доха.
Белата куќа на САД претходно објави дека Трамп сака сите страни брзо да постигнат договор за условите за ослободување на заложниците во Појасот Газа.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека техничките разговори што моментално се водат во Египет, во кои учествуваат специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, се фокусираат на деталите за ослободувањето на заложниците.
Неименуван функционер изјави за Си-Ен-Ен дека се очекува разговорите да траат неколку дена со присуство на медијатори од САД, Катар, Египет и Турција.