
Дојран домаќин на традиционалниот музички фестивал „Д Фест“
Единаесеттото издание на традиционалниот музички фестивал „Д Фест“ кое годинава ќе трае само два дена, ќе се одржи утре и во сабота на главната бина во Дојран, потврдија организаторите.
Препорачано
– Безбедноста и здравјето на сите посетители и ангажирани лица е наш најголем приоритет на манифестацијата која и годинава ќе се одржи во согласност со мерките за заштита од пандемијата и со целосно придржување кон безбедносниот протокол кој моментно дозволува присуство на најмногу 50 отсто од расположливиот капацитет, велат организаторите.
Според програмата, утре на првата вечер од фестивалот ќе настапат електронското дуо „Горгон сити“ и бендовите „Дубиоза колектив“, „Репетитор“ и „Фолтин“, а вториот ден е резервиран за настап на Кирил Џајковски, раперот Страјк и бендовите „Смат“ и „21 век“.
Билетите за двата фестивалски дена се продаваат по 850, а еднодневниот чини 500 денари. Важат и сите влезници кои биле купени за минатогодишното неодржано фестивалско издание, најдоцна до 30 јули, соопштија организаторите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5