Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

„Дојче телеком“ повеќе не купува службени „Тесли“
Американскиот производител на електрични возила „Тесла“ наидува на сé поголеми проблеми во Германија, откако повеќе големи компании соопштија дека повеќе нема да купуваат службени возила од компанијата на Илон Маск. Последна во низата германски гиганти кои ѝ вртат грб на „Тесла“ е „Дојче телеком“, јавуваат медиумите од Германија.
Препорачано
„Имаме „Тесли“ во возниот парк, но во моментов не им нудиме ниту еден модел на нашите вработени,“ изјави Олга Невска, директорка на „Телеком Мобилити Солушн“.
Ова е лоша вест за брендот на Маск. „Дојче телеком“ има околу 18.000 службени возила, а таа беше една од првите кои користеа возила на американската компанија.
Според „Дојче телеком“, возилата на „Тесла“ се отфрлени поради повеќе недостатоци. Проблем е тоа што автомобилите „Тесла“ комуницираат директно со возачите и со тоа ги рушат правилата на компанијата.
Друга причина е тоа што вработените во „Телеком“ не биле заинтересирани за користење на „Тесла“ како службено возило.
„По секој квартал ја проверуваме нашата понуда и марките ги вклучуваме или исклучуваме.“ За возило да биде прифатено во возниот парк на Телеком, решаваат три критериуми. Прво треба да постои интерес, понатаму понудата треба да биде исплатлива, и секако, сервисирањето е решавачко“, рече Невска.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
29мин
-
36мин
-
39мин
-
44мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5